Кирил Димески – |< ! R #


Излезе OpenOffice.Org 2.2

Posted in слободен софтвер by Кирил Димески on the 30 March, 2007

Вчера излезе OpenOffice2.2.
Подобрувања има многу, но прво што ќе забележите е подобреното прикажување на текст во сите делови на апликацијата. Тоа се должи на тоа што во поранешните верзии опцијата kerning, техника за подобрено прикажување на пропорционалните фонтови, не беше преддефинирано овозможена додека сега е. Исто подобрен е и извозот во pdf формат, кој сега подржува обележувачи и формулари и многу други.
Целосниот список на промени го има на белешките за изданието и на соопштението за печат.
Симнување на македонска верзија тука.

Одржана работилница за ГНУ/Линукс

Posted in Работилници и предавања by Кирил Димески on the 20 March, 2007

Денес 20 март 2007 година, во Локалната Младинска Организација „Кузман Јосифоски – Питу “ во Прилеп беше одржана работилница за GNU/Linux .

Предавач беше Кирил Димески. На работилницата беа објаснети начините на инсталација со партиции и без партиции(со форматирање) , беа објаснети програмите кои се бесплатни и програмите кои се со отворен код .

Беа разделени Live CD – a на Kubuntu и Ubuntu Linux и CD полно со FLOSS

Наредна работилница ќе се одржи во Младинскиот Совет во Прилеп.

Доколку сте институција, организација која е заинтересирана за GNU/Linux и FLOSS може да пратите мејл на dkire@taratur.com или пак на info@netismak.com.mk

Сподели знаење

Posted in Општа by Кирил Димески on the 19 March, 2007

НВО „Слободен Софтвер Македонија“ од Скопје го креираше овој блог со цел полесно запознавање на лаиците и понапредните Линукс и корисници на слободен софтвер

http://www.spodeliznaenje.blogspot.com , бидете таму

Викитон на Лугола

Posted in Организации by Кирил Димески on the 19 March, 2007

Како резултат на потребата за подобра афирмација на Викито за слободен софтвер, поставено од заедницата на корисници во земјава, на 16 март со почеток во 00.00ч. во просториите на Лугола се одржа настан наречен Викитон (вики+маратон). На овој настан се напишаа помошни содржини за корисници на слободен софтвер кои ќе одат директно на Викито за слободен софтвер, и ќе се ажурираат досега напишаните содржини.

 

Ново: настанот започна според планот, заврши околу 05.00ч. сабајлето. Се напишаа околу 8 поквалитетни статии, што ни укажува на тоа дека групната работа покрај добрата забава е ефективна во нашата заедница. Слични настани се очекуваат и во иднина. Слики од настанот и ажурирани Вики содржини очекувајте за скоро

Среќен роденден Лугола

Posted in Организации by Кирил Димески on the 15 March, 2007

 

Лугола (Linux User Group of Bitola) денес на 15 Март 2007 година го слави својот трет роденден,

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛУГОЛА

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛУГОЛА НА WWW.LUGOLA.NET