Излезе Ubuntu 7.04, Feisty
Денес излезе официјално новата верзија на Ubuntu Linux, Feisty Fawn 7.04. Новитети и очекувања има многу.
Покрај новата верзијата на Ubuntu, која доаѓа со GNOME работна околина, излегоа и Kubuntu (со KDE) и Edubuntu (за образовни цели).
Официјално соопштение можете да прочитате овде. ISO сликите можеби сеуште не се ажурирани на сите огледала, но на главните се. Можете да користите и локални складишта за apt-get од Македонија.
linux.net.mk
Излезе Thunderbird 2.0
Денес излезе најновата верзија на клиентот за е-пошта Mozilla Thinderbird 2.0, природен сопатник на многу попознатиот MozillaFirefox.
Нови можности во оваа верзија се:
- Означување на е-пошта според важност, испраќач, тип (забава, работа…) или креирање своја сопствена ознака;
- пребарување низ историјата на пораките, слично како кај историјата во интернет прелистувачите, како и одење напред-назад низ историјата;
- известување од панелот кога ќе ви пристигне нова пошта;
- пребарување низ содржината на пораките по клучен збор уште додека го пишувате терминот и многу други новини.
Симнување на македонска верзија тука.
linux.net.mk
Се одржа 3-от состанок на групата
Денес се одржа третиот состанок на групата на корисници на GNU/Linux “LUGOP” од Прилеп.
На состанок беше разгледан буџетот, беа формирани тимови за изработка на рекламен материјал и групи за одржување на едукации.
И Вие можете да станете дел од групата на корисници LUGOP, dkire@taratur.com
Излезе Cent OS 5
Излезе CentOS 5, бесплатиот дериват на RedHat RHEL 5.
Содржи: Apache-2.2, php-5.1.6, kernel-2.6.18, Gnome-2.16, KDE-3.5, OpenOffice.org-2.0, Evolution-2.8, Firefox-1.5, Thunderbird-1.5, MySQL-5.0, PostgreSQL-8.1.
Дискусија за Ubuntu Linux
На SoftPedia се појави содржина во која се повикуваат сите корисници и љубители на Ubuntu Linux да го искажат своето мислење во врска со работи што ги сакаат и работи што не им се допаѓаат кај оваа дистрибуција.
Откако ќе се земе во предвид широкото мислење на јавноста, тоа ќе биде презентирано до развивачите на Ubuntu Linux со цел да се направи мнение кое ќе повлијае за развој на подобра дистрибуција според желбите и потребите на корисниците.