Кирил Димески – |< ! R #


Се одржа 4-от состанок на групата

Posted in Организации by Кирил Димески on 25 May, 2007

Денес 25 Мај 2007 год. се одржа состанокот на групата на корисници.
Од денес групата е побогата со 7 нови членови, од 14-33 години.
Инаку, денес се одржа и предавањето за Ubuntu, Вики-то на Лугола и беа прикажани 3Д ефектите на Ubuntu, тоа што во Microsoft Vista се нарекува WoW ефект.
Беа разделени CD-a со ГНУ/Линукс дистрибуции и разгледани прашања и проблеми на корисниците на ГНУ/Линуксот.

Излезе „KDE 3.5.7“

Posted in ГНУ/Линукс by Кирил Димески on 24 May, 2007

Вчера излезе „KDE 3.5.7“
Оваа верзија со себе главно носи поправки во кодот. Најмногу се имаат фокусирано на „KDE-PIM“ апликациите и во „Kmail“ се додадени нови карактеристики и подобрувања како во самоиот интерфејс така и во справување со „IMAP“: сега може да работи со квоти на IMAP како и копирање и преместување на папки.
За повеќе информации што има подобрено во „KDE 3.5.7“ можете да проверете овде.

linux.net.mk

Гостување на Лугола во Прилеп (25 мај)

Posted in Организации by Кирил Димески on 20 May, 2007

На 25 мај во кафулето Апореа во Прилеп, од 13.00ч. до попладневните часови Лугола ќе гостува со свои презентации и предавања. Дента ќе има и организиран Инсталационен фестивал за сите кои сакаат да добијат лесно конфигуриран и инсталиран GNU/Linux систем на нивните компјутери (овие корисници ќе треба да ги донесат своите компјутери на лице место во самото кафуле).

 

Флаери и постери се во веќе актуелни низ прилепските улици, Вие само треба да им кажете на Вашите познаници и пријатели за настанот и заедно да дојдете да го проследите. Агенда за презентерите и презентациите ќе има за скоро, бидете во тек! Голема благодарност до Гоце Андоноски кој ја иницира идејата и помогна во најголема мера таа да се реализира. Ве повикуваме и Вие да го сторите тоа во вашите градови!

lugola.net

Вистинскио потег

Posted in Веб сајтови by Кирил Димески on 20 May, 2007

Лугола ви донесува уште еден ресурс полн со информации за полесно мигрирање и користење на слободен софтвер. Овојпат целосно го локализиравме сајтот Make the Move или како што го преведовме на Македонски, „Вистинскиот потег“.Од менито за јазици изберете „Македонски“ и проследете ги сите поглавја.  Доколку наидете на грешки и нелогичности, пријавете ги на нашата пошта.

lugola.net

Излезе Gentoo Linux 2007.0 – „Secret Sauce“

Posted in ГНУ/Линукс by Кирил Димески on 11 May, 2007

На 7ми мај излезе Gentoo Linux 2007.0 со кодното име „Secret Sauce“. Соопштение за медиуми.

Доаѓа со: нов инсталер за AMD64, x86 LiveCD и LiveDVD. GNOME 2.16.2, KDE 3.5.5, Xfce 4.4, Mozilla Firefox 2.0.0.3, OpenOffice.org 2.1.0, кернел 2.6.19, GLIBC 2.5…

Преземање.

Кернелот денеска е ажуриран на 2.6.20 (r8).

Постои бубачка во /etc/fstab веднаш по датотечниот систем на CD-ROM-от, cdrom пишува audo наместо auto.
linux.net.mk