Кирил Димески – |< ! R #


Фотки од 23 јули

Генералниот секретаријат на Џумла

Posted in Веб сајтови, слободен софтвер by Кирил Димески on 24 July, 2007

Веб сајтот на генералниот секретаријат при Владата на Р.М. кој развива односи со НВОите од Р.М. работи на Џумла.

Хостиран е на серверот од Владата (vlada.mk)

Сајтот е добро организиран, ама му фалат некои информации и треба да сеоневозможи можноста да се регистрираат корисници.

Препорака до Владата : Сменете го серверот од Виндоус на ГНУ/Линукс, па видете ги Вашите придобивки. Плус

Крај на проектот „Што е GNU/Linux“

Posted in Општа by Кирил Димески on 22 July, 2007

Утре, 23 јули 2007 година во 15,00 часот ќе заврши имплеметирањето на проектот „Што е GNU/Linux“.
Зошто Ве известувам за ова ? – До 15,00 часот во Центарот за поддршка на корисници на ЛугоП и НВО Скорпион, ќе може да се проба GNU/Linux и слободен софтвер.

После овој датум групата ќе започе со завршните подготовки за Денот на слободен софтвер на светско ниво.

Доколку сте компанија која може, сака, го поддржува слободониот софтвер и GNU/Linux – от Ве замолуваме да ни донирате празни дискови на кои ќе снимиме слободен софтвер.

Радио станица на GNU/Linux

Posted in ГНУ/Линукс, Општа, слободен софтвер by Кирил Димески on 20 July, 2007

ЛугоП е во тек на преговори да инсталира GNU/Linux на еден компјутер во радио станица во Прилеп.

Радио станицата веќе проба да користи GNU/Linux, а реакцијата беше изненадувачка.

Ова е доказ дека групата ова лето нема да одмара, почнуваат подготовките за денот на слободен софтвер, се работат проекти, се инсталираат GNU/Linux дистрибуции…….

ЛугоП презентација

Posted in Општа, Организации, Работилници и предавања by Кирил Димески on 20 July, 2007

На ден 23 јули 2007 година со почеток од 10,00 часот во Центарот за поддршка на невладини организации, ќе се одржи завршна презентација во рамките на проектот „Што е GNU/Linux“ .

На настанот се поканети 30 НВОи кои ќе добијат дискови со слободен софтвер (Заврши си работа) и Ubuntu Linux.

На презентацијата ќе говорат Дражен Котески – проектен менаџер во групата и Кирил Димески – координатор на групата.

Во проектот е вклучен и пристап до GNU/Linux и слободен софтвер на сите кои ќе го побараат тоа. Ова е овозможено во просториите на НВО „Скорпион“ од Прилеп и центарот за поддршка на корисници при групата.

Покрај оваа презентација ЛугоП планира и тридневна обука на НВОите кои се заинтересирани за да научат да работат на канцеларискиот пакет OpenOffice.org.

Спонзори на проектот се : Метаморфозис, Скорпион, Био-реклам МБ, Дониа и Таратур.ком

Next Page »