Кирил Димески – |< ! R #


Приемен испит за полицајци

Posted in Мајтапи, Општа by Кирил Димески on 30 August, 2007

Пожелно е кандидатите да знаат да пишуваат и читаат. Време за решавање – осум часа. Секој што препишува ќе добие дополнителни пет бода поради преземена дополнителна иницијатива. Многу среќа при решавањето!

1. Кој победил во Втората светска војна, а кој бил втор?

2. Од што е направен сребрениот долар?

3. Да се објасни Ајнштајновата теорија или да се напише неговото име.

4. Со големи букви напишете: куче, маче, компир.

5. Кога почнуваат вестите во 19:30?


6. Колку отприлика имало Божји заповеди?

7. Постоеле 6 кралеви со име Џорџ, последниот се викал Џорџ VI. Како се викале останатите пет?

8. Да се напишат броевите 1-10 наназад. За секој погрешно напишан број се одзема еден бод.

9. Кој го измислил Ото Ванкеловиот мотор?

10. На кој инструмент свиреше Блаже трубачот?


11. Дали го разбираш Њутновиот закон за гравитација? Одговори со ДА или НЕ!

12. Берлин е главен град на која држава? (не повеќе од еден одговор)

13. Заокружи го натрапникот: Мартин Лутер Кинг, папата Јован Павле II, Махатма Ганди, Мајка Тереза, Џек Мевосек.

14. Јајцето од Колумбо е: приказна, јајце од птица, специјално спремено јајце за доручек, дел од телото на славниот морепловец

15. Васко Де Гама имал три славни морски патувања. На едно од нив умрел. На кое по ред патување?

Превземено од Taratur.com

Прирачник за фискални апарати

Posted in Криејтив комонс, Општа, слободен софтвер, фајлови by Кирил Димески on 15 August, 2007

Овие два дена правев еден прирачник за фискалните апарати од брендот на Synergy. Делото е наменето за сите кои почнуваат да работат фискалните апарати Synergy SY40, SY50 и SY500.

Прирачникот има седум страни, а низ нив може да научите како да работите со апаратот. Најбитното од се, прирачникот е објавен под Creative Commons BY-NC-SA лиценцата.

Во блиска иднина очекувајте исто вакво дело наменето за фискалните апарати од брендот на Давид компјутери, за фискалнот апарат Мак Елит Микро.

Прирачникот може да го превземете од Content portal-от на Метаморфозис за македонски дела лиценцирани под Creative Commons лиценците.