Хуманитарен концерт
Како претседател на ЛМО „Кузман Јосифоски – Питу“, Ве известувам дека на ден 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт.
На концертот ќе пеат Тоше Проески и други естрадни ѕвезди.
Собраните средства ќе одат во фондот за подобро образование, проекти ПЕП и СЕА.
Билетите се во продажба на повеќе места во Македонија, по цена од 200 денари.
Членовите на ЛМО „Кузман Јосифоски – Питу“ и други ученици од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп предводени од моја страна ќе го посетат овој концерт.
Патем, на концертот ќе бидат поделени дискови со ГНУ/Линукс дистрос.
Инфо на www.massum.org
Претседател
Епа ај да се пофалам
)
Денес во Локалната младинска организација „Кузман Јосифоски – Питу“, се одржаа избори за претседател.
Кандидатурата беше доброволна, со поднесување на лична биографија кај одговорниот професор.
За претседателското место се бореа двајца кандидати, јас и Петар Мрчески.
Мојата предизборна кампања беше следната :
- гласајте за мене, брашното, млекото, маслото ќе биде поевтино;
- гласајте за мене, водата ќе биде чиста, нема да се труеме повеќе со вода со хлор..
Не, шалата настана, супер си поминавме на избори.
Гласањето беше тајно, со гласачко ливче.
Јас добив 41 глас, а Петар 20 со што убедливо се гледа разликата помеѓу двајцата кандидати
.
Но Петар сега е мој помошник, генерален секретар.
Прославата беше во ЛМО „Кузман Јосифоски – Питу“.
Update (28 септември 2007) : Инсталирав Kubuntu на компјутерот во канцеларијата, ама е супер
Фотки за скоро….
Блогот е сајт на денот
Денес отворам Време на класен час, утрово и кога гледам на една страна, во долниот дел наслов „Кирил Димески – застапник на ГНУ/Линукс од Прилеп“.
Прво малку се замислив, а потоа почав да читам по тексот, видов дека блогот има одлична функционалност, брзина, но најголемата грешка е тоа што не е пријавен на на македонските search портали.
Благодарам Метаморфозис
Software freedom day 2007
Денот на слободен софтвер 2007, во Прилеп се одржа на 15 септември под покровителство на Групата на корисници на ГНУ/Линукс од Прилеп, ЛугоП.
Учество зедоа сите членови на ЛугоП, кои постојано работеа и заслужија едно честење.
Прославата започна во предвиденото време, 09,00 утрото со делење на флаери и дискови со слободен софтвер и федора 7 (која не се бутираше), низ прилепската чаршија.
Уште на почетокот, пред да дознаеме за овој проблем беа поделени околу 100тина диска. За овој проблем дознав од Новица кој ме побара околу 10,00 часот.
Веднаш се снајдовме и изреживме 70тина диска со Кубунту 7,04 и 20тина ДВД диска со Федора 7 која ја симнавме од Интранет мрежата на БоНет.
Патем, имавме музика цело време на настанот благодарение на дискџокејот Орде (Цики).
Направивме и проекција на филмот RevolutionOЅ во 15.30 часот
Настанот беше цело време обезбедуван од полицијата.
Како и да е супер си поминавме, освен на крајот што имаше мали проблеми. (некој сака две маички,па ова па она, го загинавме продолжителниот кабел од Мис Стон, мојот кабел од напојувањето, неколку диска со Федора исчезнаа…
Посебна благодарност изразуваме до кабелскиот оператор БоНет кој овозможи на овој ден, да имаме постојана Интернет врска, флаери и маички, прехрамбената индустрија Дониа од Прилеп која постојано ни позајмува проектор и колачи, прехрамбената продавница Био Реклам МБ која постојано се грижи да бидеме освежени и Интернет порталот кој овозможува да бидеме претставени на Интернет.
Фотографии може да најдете на онлајн фото албумот
Предавање за ден на слободен софтвер
Денес ЛугоП, по повод денот на слободен софтвер во Фондацијата за информатичка технологија со почеток од 17.00 часот одржа предавање наменето за компјутерџии (програмери и сервисери).
Темите за предавањето беа :
- ГНУ/Линукс како системска алтернатива
- ГНУ/Линукс како оперативен систем за развој на апликации
- ГНУ/Линукс и потрошувачите (купувачи на компјутери)
На предавањето присуствуваа поканети компјутерџии, од поголемите прилепски ИТ компании.
Присутните, наведуваат дека главен проблем за продажбата на компјутери со ГНУ/Линукс се јавуваат драјверите за печатачи и други екстерни уреди и игрите (Counter Strike, Warcraft, Conquer)
Прво почнавме со практично предавање за тоа како може да се користи ГНУ/Линукс како системска алтернатива и употреба на слободен софтвер за развој на веб апликации.
Следеше дебата за тоа зошто потрошувачите бараат Виндоус оперативен систем. (Цитат на еден сервисер „Ако јас сум продавачот, му инсталирам Виндоус и по некоја случајност по некое време му се зафркнува инсталацијата и треба да се инсталира одново со драјвери и тој да не ме замара мене, би побарал помош од некој комшија и комшијата кога ќе појди кај него нема да можи да му помогни оти тој користел Линукс“
Фотографии очекувајте за брзо.
Секако настанот беше спонзориран од ДОО „Дониа“ – прехрамбена индустрија од Прилеп и ДООЕЛ „Био реклам – МБ“ – прехрамбена продавница од Прилеп.