Хуманитарен концерт „Заедно да му помогнеме на Андреј“
Утрово околу 5.00 часот се вратив од Битола. Бев на концертот организиран со цел да му се помогне на Андреј (битолоски студент) да се излекува од ретка болест (воспаление на крвни садови).
На некој начин бев и јас дел од организаторите (ги собирав децата од моето училиште).
На концертот си поминавме убаво, со мали исклучоци. Потоа, имаше организирано Лејдис најт во клуб Инфинити.
Концертот заврши околу 23.30 часот, а откако автобусите заминаа за Прилеп ние тројца мускетари (Ивица, Столе и јас) заминавме на лејдис најт, по пат се сретнавме со Гемиџи, Дими и Павле
Забавата беше одлична…
Завршивме во 03.10 часот и се качивме во воз и заминавме.
Фотки може да видите овде
PCLinuxOS 2007
Вчера мигрирав кон PCLinuxOS 2007.
Во последно време Ubuntu почна да ми кочи, да ми се јавуваат проблеми со X серверот, едноставно чекав можеби 4-5 минути да се стартува системот.
Се нервирав, ама тоа е што да се прави. Си пишуваме на месинџер со Горан од ЛугоП и онака ми спомна дека мигрирал од Ubuntu на PCLinuxOS и ми го препорача.
Отсекогаш сум го сакал и попривлечен ми бил KDE, па си реков зошто да не го инсталирам сега PCLinuxOS 2007.
Незнам зошто ама некако поубаво се чуствувам сега кога сум пред компјутер
Лош ден
Вчера денот ми беше ептен лош.
Зошто ????
Епа така….
Прво, загубив неколку пријатели, се скаравме и степавме ![]()
Второ, вечерта во Канди ми го украдоа кесето со пари
Трето, си ја загубив и девојката.
И после се може да кажам :
ДА ТИ ЕБ.М ЖИВОТОТ КУЧЕШКИ !!!
Да броиме заедно !!!

Ubuntu 7,10 стасува за брзо….Prepare for new Ubuntu
Апдејт : Убунту 7,10 официјално излезе на 18 октомври 2007 год.
Нарачајте си дискови со Убунту 7.10 или пак спуштете ја верзијата од Интернет
Нокиа ќе му конкурира на IPhone

Финскиот производител на мобилни телефони Нокиа, објави фотографии од новиот телефон со ’работно име’ Аеон, кој навистина би можел да биде исполнување на сонот на многу корисници.
Телефонот за кој многумина сметаат дека сериозно ќе ја разниша компанијата Епл и нивниот телефон iPhone, се состои од голем дисплеј кој е осетлив на допир, поделен на два сегменти – еден за прикажување на информации, а другиот за емулирање команди.
(more…)