Кирил Димески – |< ! R #


Дигитален клуб

Дочекавме и ние прилепчани дигитален клуб, ака електронска читална.

Клубот се отвори свечено на 10 октомври во 18.30 часот (или можеби нешто покасно заради тоа што градоначалникот „мораше“ да спои уште 4-ри други настани со дигиталниот клуб, така да слушавме дечиња каде што рецитираат песнички и ја слушнавме промоцијата на на стратешкиот план за ЛЕР, не поздравија за 11 октомври и уште едно претсавување кое не го слушнав од револт)

Клубот е лоциран во строгиот центар на градот, во градската библиотека „Борка Талески“.

Дигиталниот клуб е проект на фондацијата Метаморфозис, општина Прилеп, Фондацијата за информатички развој – ИТЦ Прилеп и градската библиотека.

Во клубот има 6 компјутери кои работат на Ubuntu Linux 7.04 (има Интернет врска – АДСЛ), печатач HP и скенер HP, a градоначаникот вети дека бројот на компјутери ќе се зголеми :) – ма немој.
Инаку во тек е пријавувањето за обука за користење на компјутер (ubuntu и OpenOffice.org)

Фотки :

Излагање на градоначалникот пред присутните
Дел од опремата во дигиталниот клуб
Градоначалникот пробува Убунту

Малку народ го посети дигиталниот клуб
Веќе првиот заинтересиран за GNU/Linux на неговиот компјутер

2 Responses to 'Дигитален клуб'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Дигитален клуб'.

  1. hristina said,

    Sakam da se prijavam za konkursot za obuka na kompjuteri vo digitalniot klub, inaku rabotam na proekt vo nevladina organizacija, i kazete mi do koga trae prijavuvaweto vo ovojkonkurs.


  2. Здраво Христина, може да се пријавиш во градската библиотека од Понеделник до Петок.

    Е сега незнам дали пријавувањето е уште отворено, пријави се кај нас за обука во групата.


Leave a Reply