Турбоманија
Значи што стана со младинава, едноставно загрижувачки е.
Не сум некој што ептен напаѓа нечиј стил, живот, права и останато ама ова почнува да ме нервира.
Зар има некој што едноставно ќе го слуша внимателно турбофолк ритамот и зборовите на пејачот/пејачката ?
- Има како не, само тие се толку многу навлезени во тоа што едноставно не забележуваат какви последици му носи тоа. Еве неколку :
- Секоја вечер се расправам со пијани будали, кои едноставно се „очукале“ од ритамот кој ги понел. Еден пријател ми вели :
„Па тоа е нешто најубаво, биди во тренд слушај го она што сите го слушаат“
„Кој тренд, бе? Алооо, дете сврти се околу тебе, види што прави турбофолкот, ја упропасти младината! “ - На кого женската му се скарала и неможе да се освести и зема пие узо и се клати на ритам „А она је татина маза..“ ма ајде бе до кога?
- Аха, а ова – лупа басот, а во позадина оди народњак ?!?
Е сега да си дадам објаснување на ова што го напишав.
II меморијален турнир „Милан Башески – Баше“
Денес во Прилеп, со почеток во 10.00ч ќе се одржи II-от меморијален турнир во чест на починатиот каратист и интернационален карате судија Милан Башески – Баше.
На турниирот се очекува да настапат 150 учесници од државата, меѓу кои и јас.
Па повелете дојдете и држете ми среќа.
Update : Јас Прво место – златен медал во кати и трето место – бронзен медал во борби ај сега
, а сестра ми трето место – бронзен медал во кати
Презентација/предавање во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“
Кампањта „GNU/Linux, мојот пријател“ доживува експанзија.
Досега направени се презентации/предавања во две училишта едно основно и едно средно училиште.
Денес групата гостуваше во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ каде одржа предавање на темите :
- Што е GNU/Linux ?
- Како настанал GNU/Linux ?
- Кој го користи GNU/Linux денес ?
Слушателите беа расположени за да научат нешто ново и со големо задоволство ме следеа дури презентирам.
Некои беа запознати со поимот Linux, некои не. Некои знаат што е ОС, некои не.
Професорот даде предлог половина од компјутерите да се вклучат на GNU/Linux,а другата половина на Windows XP Pro (пиратска) и да се воочат разликите.
Така да половина од слушателите работеа на Mandrivа, а другите на Windows XP.
Супер беше досега и се надевам дека така ќе продолжиме.
Ако не испадне нешто предвреме се гледаме на 19.11.2007 во СОУ „Р.Ристески Ричко“
Да не настани забуна, првиот и четвртиот ред со компјутери беа на Windows, вториот и третиот на GNU/Linux
Конфигурации со GNU/Linux во Прилеп
Викели ДООЕЛ од Прилеп е постојан партнер и поддржувач на активностите на ЛугоП.
Зошто блогирам ???
Пред малку се слушнав со шефот и ми кажа дека почнале да нудат конфигурации со GNU/Linux.
Благодетот од користењето го искусиле од презентациите на ЛугоП.
Од Викели изјавуваат „Со GNU/Linux оперативен систем, конкретно со купувањето на компјутерите со ваучери за попуст на компјутерите може да добиете бесплатен оперативен систем, а воедно истите пари кои ќе ги дадете за Microsoft-ов лиценциран и неслободен софтвер може да ги искористите во подобрување на Вашата конфигурација“
Големо БРАВО за Викели.
Напредок на кампањата „ГНУ/Линукс, мојот пријател“
Денес примив повратно писмо од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ дека таму ни се овозможени сите услови за одржување на презентацијата/предавањето и не очекуваат за една недела во нивните простории.
Епа планот го сменивме малку прво одиме во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ па потоа во СОУ гимназија „Мирче Ацев“, па во СОУ „Р.Р.Ричко“ и тн.
Досега супер напредуваме, па крајниот резултат би требало да биде одличен.