Турбоманија
Значи што стана со младинава, едноставно загрижувачки е.
Не сум некој што ептен напаѓа нечиј стил, живот, права и останато ама ова почнува да ме нервира.
Зар има некој што едноставно ќе го слуша внимателно турбофолк ритамот и зборовите на пејачот/пејачката ?
- Има како не, само тие се толку многу навлезени во тоа што едноставно не забележуваат какви последици му носи тоа. Еве неколку :
- Секоја вечер се расправам со пијани будали, кои едноставно се „очукале“ од ритамот кој ги понел. Еден пријател ми вели :
„Па тоа е нешто најубаво, биди во тренд слушај го она што сите го слушаат“
„Кој тренд, бе? Алооо, дете сврти се околу тебе, види што прави турбофолкот, ја упропасти младината! “ - На кого женската му се скарала и неможе да се освести и зема пие узо и се клати на ритам „А она је татина маза..“ ма ајде бе до кога?
- Аха, а ова – лупа басот, а во позадина оди народњак ?!?
Е сега да си дадам објаснување на ова што го напишав.
1. Влегуваш во некое кафуле и си земаш пијачка, коњак да речеме.
Слушаш транс, техно и одеднаш ритамот се сменува со некоја хип хоп трака, па потоа диск-џокејот пушта една трака од Бјело Дугме пр. Ружица си била, сада више ниси и на крај пука Жељко Самарџич или пак Гога Секулич. А да обавезно пред затворање една песна од Тоше и една македонски рап.
Потоа фино ритамот те понесува, па балканец си или што си и земаш уште една пијачка, па уште една, па трета, па четврта и толку крепи некој ќе се опијани и после ќе ми игра чочеци по маси. А другиот ден ќе речат „леле каква журка беше вчера, двајца се очукаа здраво и после се зезавме сите со нив, ни играа чочек на маса“
А тебе ти е гајле, од утре си нов човек – примерен. Па од кај да знаеш може да те снимил некој со мобилката и те ставил на Youtube.
2. Леле брат ми се налути девојаката, оти завчера од училиште кога си идевме ја испратив другарката до дома, сега не сака да ме види. Морам вечерва да се отрескам, ако ми веруваш – морам. Не сакам да филозофирам ама така испадна, според една книга 10 грешки кои ги прават паметните луѓе МОРА е една од тие грешки.
3. Неможам да ги сватам тие неуспешни диск-џокеи кои сакаат да направат некој свој ритам па затоа миксаат една техно или хип-хоп трака и народњак. Но не се виновни овие наши кутри напатени диџеи кај нас. Тие само пуштаат музика напоредно, една па друга. Кој е крив што нив му е средана работата.
- Е сега ќе речете, тогаш што се дружиш со такво друштво ? или
- Па ти каква музика слушаш, момче ?
Еве одговор на двете прашања.
1. Се дружам што да се прави, никој не е совршен, секој има мана. Барем ми е одбрано подобро друштвото.
2. Па слушам, претежно рок музика, некогаш хип-хоп, народна музика (патриот) и понекогаш класичар сум – кога учам по математика.
Е сега поуката на постов, до кога ќе шетате со телефоните во рака и на Вашите МР3 плеери вградени во телефонот ќе пуштате некое „срање“ пр. Притисни дугме, 7 спрат – ништа лично!!! Да ми покажеш колко си јак… Еј веќе ми остана во ум песнава, доста е.
Па ќе почнеме и српски да зборуваме, бе. Кај да е може и срби да станеме, како што не не признаваат повеќемина и пропагандите се силни не е ништо чудно.
А патем и нарушувате слобода. Па зар малку има документација на Вики за тоа дека MP3-ките се штетни.
Нарочно не линкам до MP3 статиите бидејќи убаво е да се прошетаат луѓето по вики.
on 23 November, 2007 on 6:25 pm
Кирил,
Еве еден предлог. Можеш да си направиш два фида со помош на yahoo tubes или на некој друг начин и постовите поврзани со слободен софтвер, технологии, GNU/Linux итн да ги испраќаш на планета во еден фид а постовите за турбофолк да си стојат во друга категорија.
Поздрав.
on 23 November, 2007 on 8:56 pm
Кај ми е бе коментарот?
on 23 November, 2007 on 9:14 pm
Те га ту е.
Над мојот
on 23 November, 2007 on 11:10 pm
Другиот шо го пратив преѓе?
on 24 November, 2007 on 1:49 pm
Hey Кирил,
Незнам кој сакаш да го наречеш народњак таму горе, ама си влезен во заблуда. Народна музика нема врска со тоа срањето што се пушта секоја сабота по дискотеките пширум нашата Српско-Грчко-Бугарска република.
А инаку, да не беа тие „Планета“ и „Пинк“ и сл. телевизии ова немаше да се случи. Јас уште немам не-CreativeCommons песна на телефонот и баш сум среќен поради тоа. Дури и на некои другари/другарки почнаа да им се допаѓаат некои песни.
Искрено, не сум против ептен3-ки. Зашто? Hell, цел свет ги користи, ај натерај го нешто друго да користи. Кога iTunes и WMP ќе почнат по дифолт да поддржуваат Ogg Vorbis да видиш револуција… Ама, можеме само да си сонуваме…
Чаос….
on 24 November, 2007 on 9:18 pm
Кирил, не само што си музички фашист туку си и блог фашист и не заслужуваш да те читаме на планета.
Бришење коментари е забрана на основното право: слобода на говор и изразување. Ако не сакаш да споделуваш мислење со другите, која е причината што излезе на планета?
on 25 November, 2007 on 7:14 pm
абе немам коментар твој во dashboard.
Нема стигнато твој коментар.
on 26 November, 2007 on 9:52 am
Ајде бе бришете го детиштето неразбрано…
on 26 November, 2007 on 10:42 pm
@ Act1v8
Не ја споредувам народната музика со тоа срање, што се нарекува музика.
Велам дека се меша некој бас ритам со народна музика и така да се добива некој shit ритам
@ Нејм
Ајде кажи ми една причина зошто да бидам бришен од планета
@ gemidjy
Да, голем противник сум на турбофолкот. А твојот пост никаде го нема,
Можеби си направил рефреш или ти се прекинала врската па да не можиш да ги пратиш коментарот.
Би те замолил да го напишеш пак.
on 27 November, 2007 on 3:19 am
Апореа, Соник, Сидро… само дел од кафичите каде се пушта поквалитетна музика. Поминувај повеќе време таму. Инаку овај проблем не е само кај нас. Во другите градови е и многу поголем. Патем, добар избор на нов темплејт
on 1 December, 2007 on 6:05 pm
Decko be so napraj so cd-to za backtrack 2 so trebase da mi go snimis?
Ili zaboraj
Pozdrav
msn–ajduk
skype–djoko_karakas