Среќни празници
Нека новата година Ви донесе многу успех, радост, среќа, здравје, многу љубов и се што останува
СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ
од мене и од името на ЛУГОП
Во исчекување на резентацијата за ОЛПЦ-то во Прилеп Ве поздравуваме и Ве покануваме да се придружите кон нашите активности
Во 2008 ќе се залагаме за поголема доза на презентации и предаваања со цел зголемување на информатичката свест кај луѓето.
Кампањата „GNU/Linux, мојот пријател“ успешно завршена
Кампањата насовена како „GNU/Linux, мојот пријател“ која се спроведуваше низ училиштата во Прилеп од 7.11.2007 до денес 30.12.2007 успешно е завршена.
Успехот се должи на 3 презентации кои ги спроведивме во 3 училишта за тоашто е слободен софтвер, како се користи, кој го користи, како може да набават слободен софтвер, како да инсталираат GNU/Linux…?
За време на траењето на кампањата можеме да заклучиме дека училиштата не се доволно заинтересирани за соработка со групата поради една причина цитирам „Абе дете овде користиме Виндоус, така ни е речено одозгора, така да морам да ти речам да си одиш“. Како кооринатор на групата, продав активноста да ја зајакнам и да овозможам презентациите да продолжат во училиштата во кои не одбија, преку писма пратени специјално со информации за овој оперативен систем до директорите и младинските организации на училиштата. Но неусшено, старите велат „Човек се учи, не магаре“ се извинувам но мораше да се изразам вака поради револт.
Но сега тоа не е битно, од предвидените 5 средни училишта во кои требаше да се направи ваков вид на предавање, се реализираа 2 предавања во 2 средни училишта, но за изненадување и поздрав е иницијативата покрената од основното училиште „Климент Охридски“ од каде не повикаа да одржиме презентација на информатичката секција при училиштето. Досега кажано можам да заклучам, а верувам и другите ќе се согласат дека презентацијата во Климент Охридски беше најдобра од сите 3 презентации. Од другите училишта сум особено непријатно изненаден поради тоа што не ни овозможија да се одржат предавањата, некои не обезбедија ученици, некои не знаеа што е тоа проектор (хаха.. ма немој), некои немаа простор…
Како и да е, кампањата може да заврши со пофални зборови за предавачите (Кире, Гоце и Дамјан) кои покрај сите препреки останаа на своето дека презентациите мора да се реализираат, особено за поздрав е интеракцијата на учениците од ОУ „Климент Охридски“ и проф. Гордана Јованоска (наставник по информатика во ова училиште),
Фотографии може да видите овде.
Од посетата на училиштата заклучивме дека :
- училиштата се слабо заинтересирани за соработка
- учениците се недоволно запознаени со информатичката технологија така да треба под итно да се :
- издаде книга за слободен софтвер, GNU/Linux и сл.
Слободниот софтвер има иднина
Во Петок – от во сметководственoто биро „Био-реклам МБ“ во Прилеп инсталиравме слободен софтвер за нивните потреби.
Од Био-реклам МБ велат : „Парите кои ги даваме за лиценциран неслободен софтвер за нашите 5 компјутери се премногу. Со слободниот софтвер имаме тотална комоција во користењето на компјутерите. Чувствуваме разлики во брзината, продуктивноста и ефикасноста на работата. Сега знаеме дека можеме да веруваме на софтверот.“
За жал, бирото неможе да користи GNU/Linux поради тоа што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги преморува да користат Microsoft Windows поради софтверот кој служи за пресметка на придонесот за ПИО на вработените.
Јас пробав да го стартувам софтверот на Wine; но обидот беше неуспешен поради .Neт framework-от.
На компјутерите има инсталирано :
- Канцелариски пакет – OpenOffice.Org 2.3
- софтвер за обработка на слики- GIMP 2.3
- софтвер за веб едитирање – Nvu
- софтвер за преглед на PDF докумнети -XPDF
Ова може да послужи како поука за сите останати кои сеуште не мигрирале кон слободен софтвер.