Состанок на ЛугоП
Штотуку заврши состанокот на групата ЛугоП. На состанокот зборувавме за некои промени во однос на организираноста на настаните и самото регрутирање на членовите, со што дојдовме до заклучок дека онлајн сосатноците се најдобриот начин на комуникација.
Како што се справува со проблемот од малку активисти, целата заедница така и ние. Прилепската заедница остана да не речам на 8 члена кои се трудат постојано да се активираат на разни начини. Некои од останатите одат на работа или пак се на училиште или на студии. За планираниот проект за 2007 год, 3 дневен семинар за GNU/Linux насловен како „GNU/Linux како алтернатива“ решено е да отпочне од Вторник 29,01,2008 и да заврши на 01,02,2008 со што на 31,01,2008 нема да се одржуваат предавања. На овој семинар се пријавени 6 лица кои ќе бидат обучени да инсталираат GNU/Linux, да го конфигурираат системот, да менаџираат корисници и сл.
Деновиве сакам да напишам некој извештај за работата на групата во 2007 година, ама ќе видам може да го оставам тоа за другата недела. Прирачникот за Python уште малку ќе биде готов
Се спомна да се смени логото на групата. Затоа ќе ја молам цела заедница да помогне околу ова
Кирил Димески, за Вашата телевизија со нови информации се јавуваме наскоро.
Упатство за програмирање во Python
Давам чесен збор дека од утре 7 јануари 2008 година ќе почнам да го пишувам прирачникот за прграмирање во програмскиот јазик Python.
Не дека сум некој професионалец за програмирање, но би се обидел да ја доближам основата кон сите кои сакаат да почнат со програмирање во Python.
Очекувајте дело на околу 50 страници, лиценцирано под CC за една седмица
13,01,2008 Update : Работата со упатството малку ќе ја одложам, бидејќи имам пукната капилара во окото и така да неможам многу да бидам пред компјутер. Им се извинувам на сите кои сакаа да го видат упатството до понеделник, ама барем уште една недела не очекувајте го
OLPC презентација (извештај)
Бев преокупиран деновиве и неможев да пишувам, еве ме сега да известам како поминавме на презентација на зелениот лаптоп.
Бидејќи времето беше прекратко за тоа како и колку требаше настанот да биде организиран, побаравме помош од општината (поточно од Емил и Александар). Луѓето без никаков проблем ни овозможија да направиме презентација на лаптопот. Во средата имаше една куса презентација за вработените во локалната самоуправа а додека во четвртокот имавме две презентации една во салата за состаноци на локална самоуправа, а другата во БоНет. Поради неправилно полнење на батериите на фото-апаратот имавме можност да фатиме само неколку фотки. Презентациите беа одлични, се поставуваа многу прашања и на секое прашање имаше одговор (освен на тоа дека доколку преку меш мрежата од едно на друго дете се пренесува сигнал тогаш не би требало да има ИСП, доволно би било само еден да има ???)
Како и да е, секој е фасциниран од работата со овој зелен лаптоп. На видни места во градот имаше поставено постери како информација за презентацијата во четвртокот.
Во центарот на градот во БоНет имаше одлична презентација секој кој дојде имаше можност да го види и проба лаптопот.
Следна активност на групата е обуката за користење на Ubuntu Linux на неколку локални НВОи.
OLPC во Прилеп
После лудите ноќи поминати за дочек на Нова година, ЛугоП со презентација за лаптопот за 100 долари (популарно наречен).
Овој лаптоп е ефтин и адаптиран за детските потреби и работи на база на слободен софтвер со оперативен систем Fedora на околина Sugar.
Благодарение на уфо и гемиџи лаптопот е во канцеларијата на ЛугоП каде што се спремаат утрешните презентации.
Презентацијата ќе трае отприлика 1 час и на неа ќе биде презентирана идејата која стои за ова мало чудо. Секој ќе има можност да го проба лаптопот. Презентацијата ќе биде во салата за состаноци на општина Прилеп а можно е да имаме и streaming на настанот. Сепак добро е да се дојде и да се посети овој настан со цел секој да ги увиде можностите на овој лаптоп. После неколку часовна работа на него и јас сватив дека сакам да бидам 1-во одделенец и дека сакам и јас да имам еден ваков
.
Планирано е на презентацијата да има видео материјал за овој зелен лаптоп една презентација на неговите можности и презентација за мисијата и целта на проектот.
Постерот е актуелен низ прилепските улици и се надеваме на посетеност од страна на граѓаните.
Би требало лаптопот да биде и достапен и во центарот на градот каде што секој ќе има можност да го проба како функционира.
Епа тоа е, повелете дојдете ве очекуваме сите!