Кирил Димески – |< ! R #


Прославен Денот на слободни документи

Во Саботата 29 март во Фондацијата за поддршка и развој (Центар за поддршка на НВО) беше направена презентација со цел презентирање на слобoдни формати.

На настанот имаше дебата на која беа правени споредби помеѓу Microsoft Windows, Microsoft Office и GNU/Linux, OpenOffice.org и .doc форматот.

Повеќе за ова еве еден албум со фотки

Windows Update не функционира на IE8

Posted in Мајтапи, Општа, технологија by Кирил Димески on 12 March, 2008

Првата бета верзија на Internet Explorer 8, која минатата недела ја објави Microsoft, меѓу другите бројни багови како што се уривање и неправилно прикажување на интернет страниците, покажала и дека е некомпатибилна со Windows Update. При посетување на овие страници со новиот IE, ќе добиете порака дека страницата не работи со моменталниот web browser и дека треба да ја посетите со Internet Explorer 5 или некоја друга верзија.Овој проблем може да се заобиколи ако се користи опцијата „Emulate IE7“ во оваа верзија на Internet Explorer, која е ставена за компатибилност, но бара рестартирање на програмата. Вреди да се спомне дека Microsoft планира да им овозможи на web дизајнерите да ја вклучат овие опција со користење за тоа предвидениот таг на страниците, но секако во сегашната верзија оваа можност поради нужното рестартирање е бескорисна.

IDIVIDI 

Епа затоа Mozilla Firefox

Прочка 2008

Posted in Општа, Организации, дешавки, моја by Кирил Димески on 12 March, 2008

Во Прилеп во неделата беше прославен православниот празник прочка, каде што помалчите бараат прошка од постарите. За таа цел оппштината и одборот за прослава на прочка ја продолжија традицијата за прославување на овој ден и направија еден успешен карневал. Инаку Прилеп е влезен во европскиот круг на градови каде се прават карневали по повод некој празник.

Фотки тука

Python упатство за програмирање

Ајде уште малку да ве разочарам, мислев дека ќе го направам упатството за 1 недела, па за 1 месец но поминаа скоро 3 месеци од објавата дека ќе го напишам упатството.

Инаку не се откажувам од работата, но сакам да знаете дека упатството ќе го имате во најбрз временски рок. Проблемот се примерите за код кои треба да ги внесам во делот каде што има примери и вежби.

Овој пост нека служи и како и јавен повик за оние кои имаат некои почетнички кодови кои можат да се искористат во книгата. Но ако немате кдоови можете да дадете идеја па таа да се искористи.

Прославен роденденот на ЛугоП

Во Вторникот групата на корисници на GNU/Linux Од Прилеп, ЛугоП наполни 1 година од нејзиното постоење.

Направивме мала забава со цел да го одбележиме тој ден :)

Епа фотки овде