Кирил Димески – |< ! R #


Реакција по повод тендерот

Многу сакам да присуствувам на состанокот со ПЕП, но имам обврски и неможам да стигнам.

Ќе кажам сега се што мислам дека треба да го пренесам на тој состанок во некаква „наџинџана“ форма.

Значи јас почитувани мои читатели да се пофалам активно учествував и го координирав преводот на StarDict, речник кој може многу да ви послужи во работата. Речникот се подигнува на Windows и GNU/Linux. Интерфејсот е елегантен и едноставен така што може лесно да се снајдете ииз апликацијата. Преведен е на многу странски јазици, вклучувајќи го и нашиот. Најпрво Новица, па јас почнавме да се грижиме околу него. Зошто брблам околу историјата на него и кој преведувал и мател ?

Скама да искажам јавен револт во врска со тендерот на ПЕП за локализација на слободен софтвер кој е веќе локализиран на македонски јазик од страна на заеницата. Сакам да кажам дека мојот труд и време кои ги вложив, ги вложив од чиста љубов и посветеност на софтверот кој е слободен. Несакам да добијам никави пари за преводот. Не сакам да не се цени мојот труд и време. Затоа реагирам… Почитувани…..сакам да кажам дека ако до толку ви се даваа пари за нешто моежвте да купие некоја од книгите кои се на листата на желби од Слободен софтвер Македонија или пак да донирате за нејзината работа. Ако веќе не го сакавте тоа можевте да донирате на различни проекти преку нивните веб сајтови, со што ја поддржувате нивната работа и развој на апликацијата.

Толку од мене……….

Лобирање

Се извинувам што каснам со постот, но мораше прво да помине во службата за лобирање. Но бидејќи имаше многу граѓани како мене кои чекаа ред, јас одлучив да пишам предвреме па макар и ме тепал чичко Груевски.

Добро бре луѓе…свесни сте таму во парламентот што се случува или не ?

Ми пукна филмот и неможам повеќе да издржам.

Уште еднаш се извинувам што мојот блог го користам како средство кое ќе има за цел да го презентира моето јавно мислење за политиката во државата, а не за она што е наменет.

Што треба да знаете ?

  • Доколку сакате да искажете некакво јавно мислење, да пишувате статија на вашиот блог, да искажете некаков револт или пак да направите маркетинг кампања за новиот производ од вашата компанија тогаш треба да ангажирате професионално лице кое ќе лобира за вас и вашето мислење.

Тоа значи дека овие постови кои ги пишувам треба да одат на ревизија кај некоја „стручна институција“ да се проверат и да се објават. Го поддржувам тоа дека сите неможат да прават нешто и што сакаат да кажуваат јавно, но тоа вака не се решава.

  • Неможе да се донесе закон денес а да важи од вчера. Тоа е пример за законот за данок на вкупен приход од 1,5%. Тој данок е донесен на 31.12.2007 а се пименува и од 01,01,2006 :) ВАУУУ

Јас сум голем противник на истиот данок бидејќи стопанствениците ги носи гжво положба д аги затворат своите фирми. Зборувам претежно за прилепскиот регион.
Од што се состои законот ?

Вие имате фирма која продава пуканки да речеме… Редовно си плаќате даноци, придонеси од плати, осигурувања на вработени и сл. Во годината имате вкупен приход од 100,000 денари, а расход од 90,000 денари – со што вашата финансиска добивка за таа година изнесува 10.000 денари, на кои 10.000 се пресметува 15, пардон 12, упс де 10 % данок од добивка. Со што треба да платите данок од добивка на крајот од годината во вредност од 1000 денари. Е сега имаме новина, сега ќе си платите 1,5% данок на целата сума на приходот односно сума од 1500 ден со што поскапо е за 500 денари. Можеби наеднаш тие 500 денари не значат многу но со тек на време и на фирми кои имаат поголем приход, а помали расходи тоа значи многу. Овој закон не се однесува на тие што се со поголем приход од 3,000,000 денари годишно, со што значи малите фирми (трафики, маалски продавници…)

  • Моментално земјоделците и фармерите плаќаат персонален данок на откупот на млеко, тутун, пченица… Наместо откупувачот да плати тие сами си плаќаат. Односно тоа значи дека од 2005 година им се запира персонален данок што е неправилно.
  • Мојот дедо зема пензија од 5000 денари. Неговата пензија се покаќи за некои 200-250 денари. Но сите апчиња кои ги пие не се на позитивна листа така што половина од пензијата помина за тоа. Тоа не беше случај и порано.
  • Фондот за здравствено осигурување има побарување од фирмата на моите за 120,685 денари за придонес за здравтвесно осигурување за 2 месеци. А фирмата е чиста спрема законот и институциите. И не е само таа фирма, постојат уште многу други такви. А кога се оди на состанок да се види како стојат работите со побарувањата, на прашање од сопствениците на фирмите „од каде сега ова чудо, ние што да правиме ?“ директорката на одделнеието за здравствено осигурување се одговара „абе мене многу ми е гајле, ваш проблем – кај сакате одете и што сакате правете“. Новиот систем за пресметување на придонесот за здравствено осигурување е неефикасен.

Вака само тапкаме во место, ЕУ и слични „семејства“ отидоа по вода…..

Супер тоа што се трудите да направите нешто во држава, но гледајте што правите околу себе. Од една страна земате од друга страна малку намалувате со што значи дека го фолирате народот за вашите прекрасни планови и вашата преродба во 100 чекори.

И сега ќе речите дека сум социјалист и дека јас сум детиште кое ништо не разбира. Да во право сте дека детево од 17 години се плетка каде што не го викаат, но детето се труди да прикаже некои работи кои не чинат во државата. И да симпатизер сум на социјализмот и ми е криво што не сум го начекал времето на Тито.

Срдечно ве поздравувам народе македонски, да се надеваме дека ќе влеземе во ЕУ со вакви закони…. СО ТИТО НАПРЕД :)

Edubuntu ?!

како продолжение на претходниот текст би си зел за право да кажам дека како што оди целата работа со проектот „Компјутер за секое дете“ паѓа во вода.

Зошто ?

Денес добив мејл од Karsten Gerloff истражувач на UNU-MERIT.  Типот го запознав во Белград на работилницата за слободен софтвер. Како ученик му помогнав нешто околу неговото истражување на Балканот односно актуиелно беше тогаш дека македонските ученици ќе користат Edubunt.

Денес тотално се разочарав од мејлот… Знам дека е приватност но морам да пренесам некоја реченица од него.

that's a sad story. The person who is running the project simply
didn't get back to me after numerous requests. I tried and tried,
but couldn't get a response.
.............
It's a bit disappointing that the government apparently simply
didn't want to talk about the project. But there's nothing I can

do about it.

И после ова што да речам ?

Појде латиницата…

Posted in Општа, моја, солење памет, технологија by Кирил Димески on the 22 July, 2008

Оф леле….

Во ред е кампањата за употреба на кирилица, но ова е претерано.

Ми иде да почнам да викам, да пцујам, да навредувам ама ќе се воздрам. И да не заборавам „ИЗВИНИ ВЛАДО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МОЈА МИЛА НЕМА ДА УПОТРЕБУВАМ ЛАТИНИЦА во мојот пост, САМО ако тоа го заборавам или пак НАРОЧНО сум го напишал заради некакви споредби“.

Зошто го пееам ова ?

Денес за чудо седнав пред ТВ да гледам локални вести на новата ни наша телевизија. Веднаш слушам настан на денот „новороденче во собраниската сала – Собранието донесе одлука да не се користи латиницата во било какви маркетинг кампањи, истакнување на логоа на фирми и сл. освен ако тие претходно не се регистрирани како трговски марки“ бидејќи ќе се наплаќа глоба од 2500 евра“

И си велам зар е можно и тоа.

Е сеа пази овде….

Да не одиме настана, во моментов се планира голема промоција на ЛугоП, односно работење во споствена канцеларија, се привршува веб сајтот, се прави софтвер кој ќе биде прикачен на веб сајтот и сл.

Што ми е зборот ? Утре ако сакаме да истакнеме една табла барем дека тука се најдува канцеларијата на ЛугоП (LugoP) и дека тоа е група на корисници на GNU/Linux корисници и дека името потекнува од анг.зборови GNU/Linux user group of Prilep.

Е сеа тоа нема да биде можно бидејќи името не ми е заштитено во институцијата за регистрирање на трговски марки, патенти и сл.

Што значи ако сакаме да избегнеме и да не плаќаме 2500 евра глоба за оваа работа треба на таблата да стои

ЛугоП – ГНУ/Линуџ усер гроуп оф Прилеп

или е топ или е усер нештово.

Па како ќе привлекуваме странски инвестиции ? Туку замислете Вие „господа“ во Владата дека утре може да стигне некој странец во Прилеп и нема да знае дека Pece bakery е фурната на Пеце и нема да може да си купи нешто да јаде….

Абе ова не ми е ич сватливо или ја не капирам ?

Дилема

Posted in Општа, моја by Кирил Димески on the 17 July, 2008

Сакам да кажам нешто, ама незнам како. Цело време се мислам како да почнам. Дали тоа на некој ќе му се бендиса? Дали истото е интересно или пак ќе си помислите детево се занесува ?