Кирил Димески – |< ! R #


Помош за Мила Спасова

Posted in Општа by Кирил Димески on 21 November, 2008

Од Никола и Виолета Спасови

Нашата ќерка Спасова Мила, родена на 27 aприл 2008 година боледува од dg. Retinopathia prematurorum OU, големо оштетување на видот на двете очи од преголема доза на кислород која ја примала во инкубатор како предвремено родено дете. Има потреба од итно реализирање на оперативен зафат во странство, Белгија, за што се потребни парични средства во висина од 10000 евра кои ние не сме во можност да ги обезбедиме.

Ви се обраќаме со молба да ни помогнете за да може да се реализира овој оперативен зафат.

Паричните средства можете да ги донирате на нашата сметка.

Спасова Мила
Комерцијална Банка
300 007094519605

Телефони за донација
075-143-402 077-143-402 070-143-402

Однапред благодарни
Никола Спасов и Виолета Спасова
телефон за контакт 075-407-351

Дали ???

Само едно големо БРАВО и трипати УРА за Трајкоски.нет кој успешно ги презентирал сите идеи на Слободен софтвер Македонија и Лугола :)

Да и ја мислам дека од нив половина се геј, а другата половина се секташи :p

Да да во право си Трајкоски и твоето друштво со неограничена одговорност….. како што го нарекуваш

И да ми текна…не љубомори на тој што сака да направи нешто во животот. А за проектот со УСАИД на кој му купиле кола сигурно не е од еден проект, оти прво УСАИД или бил кој донатор си спороведува ревизија и мониторинг на скоро секој проект.

Кампања “GNU/Linux, мојот пријател”

Како и минатата година така и оваа ја продолжуваме традицијта со предавањата во средните и основните училишта за GNU/Linux.

Оваа година ќе бидеме посветени на користењето на GNU/Linux за секјдневни школски потреби и мрежно работење

Се надеваме дека оваа година кампањата ќе биде многу поуспешна, односно нема да наидеме на проблеми од типот што е проектор и не е потрено предавање за Линукс не се користи тој :)

Одлична серверска дистрибуција

Овие неколку дена пробувам некои чуда, заврзлами и слични такви додатоци.
Мислам дека ја најдов најдобрата дистрибуција за за сервер за почетници.

Clarkconnect e серверска дистрибуција која нуди одлични можности и е ептен едноставна за конфигурирање преку веб интерфејс.

Јас моментално ја користам како веб и DNS сервер  на следната конфигурација

Intel Celeron D 2.4 GHz
1 GB DDR RAM
250 GB HDD

На официјалниот сајт постои една комерцијална и една дистрибуција одржуана од заедницата па испробајте ja

Продолжение на постот со компјутерите

Значи еве некои фотки кои ги добив од другарка ми денес.

Мене ми личи дека компјутерите воопшто не биле инсталирани таму, само е средена инсталацијата за електрична енергија и Интернет ( срање во боја 138 b/s ).

Клик на линковите за поголеми слики.

Слика број 2

Слика број 2


Училница број 1

Училница број 1