ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ
Здравиот човек има стотина желби, а болниот само една-да биде здрав.
Нашата најмила Емануела Грижоска има само осум месеци.Докторите во Бугарија кај Емануела открија тешки срцеви аномалии, кои можат успешно да се отстранат со хируршка интервенција. Емануела сеуште е мала и незнае за својата болест, не знае да ја искаже својата најголема и единствена желба-да биде здарва, дека има право на живот. Нејзината насмевка ги кине нашите срца, а најтешко од се во овој момент е што сме свесни дека со нашите солзи не можеме да и помогнеме. За операција се потребни 13.000ЕУР од кои што ние треба да платиме 20% или околу 3.000ЕУР кои никако не можеме да ги собереме.
Надежта дека во Македонија има добри и хумани луѓе, кои ќе сакаат да помогнат да продолжи животот на нашата најмила Емануела, е единствана светла точка пеколот во кој секојдневно живееме.
Почитувани пријатели, Ве молиме да ја покажете Вашата хуманост и човекољубие, да помогнете да се спаси животот на Емануела.Операцијата е планирана за месец февруари 2009год. Се надеваме дека до тогаш , со Вашата хуманост и несебичност, ќе успееме да собериме доволно средства.
Средствата можете да ги уплатите на жиро сметка:
Емануела Грижоска
30021000007858 Комерцијална банка – Прилеп
075/143-161 – Донација од 100 денари
Нашата искрена благодарност, среќната насмевка на лицето од нашата мила Емануела ќе беиде најголема награда за Нас и за Вас.
Дејан и Милица Грижоски
Номинален или реален
Деновиве бев испрашан по предметот Економија за 4-та година. Одговарав за БДП (Бруто домашниот производ). Наеднаш се потсетив дека министерот ни наш за финансии д-р Трајко Славевски неодамна забележа раст на БДП за некој мал процент.
Тогаш си помислив. Да бе министерот се владеел по начинот на пресметка на националниот доход, за на крај да добие номинален БДП. Номиналниот бруто домашен производ е вредност на производите и добрата произведени во текот на една година по тековни цени. Значи ако во моментот на пресметка на БДП има инфлација која повлекува и пад на производството тогаш може да се јави и пораст ан БДП. Зошто ? Одговорот е едноставен
Пример : Минатиот период се произвдувале 1000 парчиња х цела 20 денари. Со што вредноста на ГДП била 20000 денари. Ако постои инфалација цената на производот кој се произведувал по 20 денари ќе биде 25 денари, а ќе се произведат 850 парчиња со што добиваме резултат од 21250 денари. Нормално ако ги споредите овие цифри ќе добиете пораст за 1250 денари за разлика од минатата година.
Затоа ако Владата Ве информира дека има пораст на БДП во однос на минатата година, а во моментот има инфлација НЕ ВЕРУВАЈТЕ.