ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ
Здравиот човек има стотина желби, а болниот само една-да биде здрав.
Нашата најмила Емануела Грижоска има само осум месеци.Докторите во Бугарија кај Емануела открија тешки срцеви аномалии, кои можат успешно да се отстранат со хируршка интервенција. Емануела сеуште е мала и незнае за својата болест, не знае да ја искаже својата најголема и единствена желба-да биде здарва, дека има право на живот. Нејзината насмевка ги кине нашите срца, а најтешко од се во овој момент е што сме свесни дека со нашите солзи не можеме да и помогнеме. За операција се потребни 13.000ЕУР од кои што ние треба да платиме 20% или околу 3.000ЕУР кои никако не можеме да ги собереме.
Надежта дека во Македонија има добри и хумани луѓе, кои ќе сакаат да помогнат да продолжи животот на нашата најмила Емануела, е единствана светла точка пеколот во кој секојдневно живееме.
Почитувани пријатели, Ве молиме да ја покажете Вашата хуманост и човекољубие, да помогнете да се спаси животот на Емануела.Операцијата е планирана за месец февруари 2009год. Се надеваме дека до тогаш , со Вашата хуманост и несебичност, ќе успееме да собериме доволно средства.
Средствата можете да ги уплатите на жиро сметка:
Емануела Грижоска
30021000007858 Комерцијална банка – Прилеп
075/143-161 – Донација од 100 денари
Нашата искрена благодарност, среќната насмевка на лицето од нашата мила Емануела ќе беиде најголема награда за Нас и за Вас.
Дејан и Милица Грижоски
on 29 December, 2008 on 8:49 am
Uplateno i se nadevam deka ke uspeat da gi soberat potrebnite pari.