Кирил Димески – |< ! R #


Дали ???

Само едно големо БРАВО и трипати УРА за Трајкоски.нет кој успешно ги презентирал сите идеи на Слободен софтвер Македонија и Лугола :)

Да и ја мислам дека од нив половина се геј, а другата половина се секташи :p

Да да во право си Трајкоски и твоето друштво со неограничена одговорност….. како што го нарекуваш

И да ми текна…не љубомори на тој што сака да направи нешто во животот. А за проектот со УСАИД на кој му купиле кола сигурно не е од еден проект, оти прво УСАИД или бил кој донатор си спороведува ревизија и мониторинг на скоро секој проект.

Реакција по повод тендерот

Многу сакам да присуствувам на состанокот со ПЕП, но имам обврски и неможам да стигнам.

Ќе кажам сега се што мислам дека треба да го пренесам на тој состанок во некаква „наџинџана“ форма.

Значи јас почитувани мои читатели да се пофалам активно учествував и го координирав преводот на StarDict, речник кој може многу да ви послужи во работата. Речникот се подигнува на Windows и GNU/Linux. Интерфејсот е елегантен и едноставен така што може лесно да се снајдете ииз апликацијата. Преведен е на многу странски јазици, вклучувајќи го и нашиот. Најпрво Новица, па јас почнавме да се грижиме околу него. Зошто брблам околу историјата на него и кој преведувал и мател ?

Скама да искажам јавен револт во врска со тендерот на ПЕП за локализација на слободен софтвер кој е веќе локализиран на македонски јазик од страна на заеницата. Сакам да кажам дека мојот труд и време кои ги вложив, ги вложив од чиста љубов и посветеност на софтверот кој е слободен. Несакам да добијам никави пари за преводот. Не сакам да не се цени мојот труд и време. Затоа реагирам… Почитувани…..сакам да кажам дека ако до толку ви се даваа пари за нешто моежвте да купие некоја од книгите кои се на листата на желби од Слободен софтвер Македонија или пак да донирате за нејзината работа. Ако веќе не го сакавте тоа можевте да донирате на различни проекти преку нивните веб сајтови, со што ја поддржувате нивната работа и развој на апликацијата.

Толку од мене……….

Python упатство за програмирање

Ајде уште малку да ве разочарам, мислев дека ќе го направам упатството за 1 недела, па за 1 месец но поминаа скоро 3 месеци од објавата дека ќе го напишам упатството.

Инаку не се откажувам од работата, но сакам да знаете дека упатството ќе го имате во најбрз временски рок. Проблемот се примерите за код кои треба да ги внесам во делот каде што има примери и вежби.

Овој пост нека служи и како и јавен повик за оние кои имаат некои почетнички кодови кои можат да се искористат во книгата. Но ако немате кдоови можете да дадете идеја па таа да се искористи.

Извештај за работата на групата во изминатата 2007 година

Уште на почетокот на месецот напишав извештај за работата на групата во 2007 година. Но пуста мрза, а подоцна ме зафатија и школксите проблеми (мораше да се учи) така да немав многу време да направам upload на извештајот во pdf формат.

Читајте го извештајот тука

Групата се осврнува на нови активности.