Кирил Димески – |< ! R #


Дали ???

Само едно големо БРАВО и трипати УРА за Трајкоски.нет кој успешно ги презентирал сите идеи на Слободен софтвер Македонија и Лугола :)

Да и ја мислам дека од нив половина се геј, а другата половина се секташи :p

Да да во право си Трајкоски и твоето друштво со неограничена одговорност….. како што го нарекуваш

И да ми текна…не љубомори на тој што сака да направи нешто во животот. А за проектот со УСАИД на кој му купиле кола сигурно не е од еден проект, оти прво УСАИД или бил кој донатор си спороведува ревизија и мониторинг на скоро секој проект.

Кампања “GNU/Linux, мојот пријател”

Како и минатата година така и оваа ја продолжуваме традицијта со предавањата во средните и основните училишта за GNU/Linux.

Оваа година ќе бидеме посветени на користењето на GNU/Linux за секјдневни школски потреби и мрежно работење

Се надеваме дека оваа година кампањата ќе биде многу поуспешна, односно нема да наидеме на проблеми од типот што е проектор и не е потрено предавање за Линукс не се користи тој :)

Одлична серверска дистрибуција

Овие неколку дена пробувам некои чуда, заврзлами и слични такви додатоци.
Мислам дека ја најдов најдобрата дистрибуција за за сервер за почетници.

Clarkconnect e серверска дистрибуција која нуди одлични можности и е ептен едноставна за конфигурирање преку веб интерфејс.

Јас моментално ја користам како веб и DNS сервер  на следната конфигурација

Intel Celeron D 2.4 GHz
1 GB DDR RAM
250 GB HDD

На официјалниот сајт постои една комерцијална и една дистрибуција одржуана од заедницата па испробајте ja

Монитор пред секое дете или не ?!

Posted in ГНУ/Линукс, Општа, моја, слободен софтвер, технологија by Кирил Димески on the 20 October, 2008

Пред некој ден се слушнав со моја другарка од Велес. Девојчето учи во средното медицинско училиште во Велес. Ја завртивме темата на разговор за тоа дали компјутерите се користат кај нив. А од оговорот се изненадив, „кај нас ги тргнаа компјутерите, односно мониторите некаде настрана во некој магацин во училиштето, наводно им сметале во работата….

Т`га за Компј`тер

Posted in Општа, технологија by Кирил Димески on the 5 August, 2008
Ова го ископав од овде :D

O`релски крилја как да си метнех
и накај дома да си прелетнех
во моја соба ја да си идам
да видам кревет,
јастук да видам
да видам дали и тамо
је досадно како вамо.

Ако пак и тамо је досадно ко вамо
на п`т далечен ќе се стегнам
и до компјутерот ке си пребегнам
к`де мониторот светло угревјат
к`де интернетот стално работат.

Овде је досадно и досада ме обвива
и зелена табла зид покрива
креди, сунгери, лекции
лоши мачители, учители
околу учители, наставници бедни
а в гради мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам
не, ја не можам учебник да гледам
дајте ми крилја ја да си метнам
и дома да си прелетнам
у моја соба ја да си идам
да видам маус,
тастатура да видам.

Тамо мониторот греит душата
и тастатурата штракат в зората
тамо Google и Mozilla
со сета раскош ги растурила.
Бела тастатура гледаш белеит,
а си од маус сино темнеит.
Google погледаш или Mozilla
сегде интернет је хубавина.

Тамо по срце на маус да штракам
монитор да светит, ја да сурфам.

Next Page »