Кирил Димески – |< ! R #


OLPC презентација (извештај)

Бев преокупиран деновиве и неможев да пишувам, еве ме сега да  известам како поминавме на презентација на зелениот лаптоп.

Бидејќи времето беше прекратко за тоа како и колку требаше настанот да биде организиран, побаравме помош од општината (поточно од Емил и Александар). Луѓето без никаков проблем ни овозможија да направиме презентација на лаптопот. Во средата имаше една куса презентација за вработените во локалната самоуправа  а додека во четвртокот имавме две презентации една во салата за состаноци на локална самоуправа, а другата во БоНет. Поради неправилно полнење на батериите на фото-апаратот имавме можност да фатиме само неколку фотки. Презентациите беа одлични, се поставуваа многу прашања и на секое прашање имаше одговор (освен на тоа дека доколку преку меш мрежата од едно на друго дете се пренесува сигнал тогаш не би требало да има ИСП, доволно би било само еден да има ???)

Како и да е, секој е фасциниран од работата со овој зелен лаптоп. На видни места во градот  имаше поставено постери како информација за презентацијата во четвртокот.

Во центарот на градот во БоНет имаше одлична презентација секој кој дојде имаше можност да го види и проба лаптопот.

Следна активност на групата е обуката за користење на Ubuntu Linux на неколку локални НВОи.

OLPC во Прилеп

После лудите ноќи поминати за дочек на Нова година, ЛугоП со презентација за лаптопот за 100 долари (популарно наречен).

Овој лаптоп е ефтин и адаптиран за детските потреби и  работи на база на слободен софтвер со оперативен систем Fedora на околина Sugar.

Благодарение на уфо и гемиџи лаптопот е во канцеларијата на ЛугоП каде што се спремаат утрешните презентации.

Презентацијата ќе трае отприлика 1 час и на неа ќе биде презентирана идејата која стои за ова мало чудо. Секој ќе има можност да го проба лаптопот. Презентацијата ќе биде во салата за состаноци на општина Прилеп а можно е да имаме и streaming на настанот. Сепак добро е да се дојде и да се посети овој настан со цел секој да ги увиде можностите на овој лаптоп. После неколку часовна работа на него и јас сватив дека сакам да бидам 1-во одделенец и дека сакам и јас да имам еден ваков :) .

Планирано е на презентацијата да има видео материјал за овој зелен лаптоп една презентација на неговите можности и презентација за мисијата и целта на проектот.

Постерот е актуелен низ прилепските улици и се надеваме на посетеност од страна на граѓаните.

Би требало лаптопот да биде и достапен и во центарот на градот каде што секој ќе има можност да го проба како функционира.

Епа тоа е, повелете дојдете ве очекуваме сите!