Кирил Димески – |< ! R #


Предавање за ден на слободен софтвер

Денес ЛугоП, по повод денот на слободен софтвер во Фондацијата за информатичка технологија со почеток од 17.00 часот одржа предавање наменето за компјутерџии (програмери и сервисери).

Темите за предавањето беа :

  • ГНУ/Линукс како системска алтернатива
  • ГНУ/Линукс како оперативен систем за развој на апликации
  • ГНУ/Линукс и потрошувачите (купувачи на компјутери)

На предавањето присуствуваа поканети компјутерџии, од поголемите прилепски ИТ компании.
Присутните, наведуваат дека главен проблем за продажбата на компјутери со ГНУ/Линукс се јавуваат драјверите за печатачи и други екстерни уреди и игрите (Counter Strike, Warcraft, Conquer)

Прво почнавме со практично предавање за тоа како може да се користи ГНУ/Линукс како системска алтернатива и употреба на слободен софтвер за развој на веб апликации.
Следеше дебата за тоа зошто потрошувачите бараат Виндоус оперативен систем. (Цитат на еден сервисер „Ако јас сум продавачот, му инсталирам Виндоус и по некоја случајност по некое време му се зафркнува инсталацијата и треба да се инсталира одново со драјвери и тој да не ме замара мене, би побарал помош од некој комшија и комшијата кога ќе појди кај него нема да можи да му помогни оти тој користел Линукс“

Фотографии очекувајте за брзо.

Секако настанот беше спонзориран од ДОО „Дониа“ – прехрамбена индустрија од Прилеп и ДООЕЛ „Био реклам – МБ“ – прехрамбена продавница од Прилеп.

One Response to 'Предавање за ден на слободен софтвер'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Предавање за ден на слободен софтвер'.

  1. Дамјан_Димитриоски said,

    Дамјан Димитриоски играч на Counter Strike под GNU/Linux!


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: