Кирил Димески – |< ! R #


Нокиа ќе му конкурира на IPhone

Posted in Општа,технологија од Кирил Димески на 16 Октомври, 2007


Финскиот производител на мобилни телефони Нокиа, објави фотографии од новиот телефон со ’работно име’ Аеон, кој навистина би можел да биде исполнување на сонот на многу корисници.

Телефонот за кој многумина сметаат дека сериозно ќе ја разниша компанијата Епл и нивниот телефон iPhone, се состои од голем дисплеј кој е осетлив на допир, поделен на два сегменти – еден за прикажување на информации, а другиот за емулирање команди.


Компанијата Нокиа инаку не е позната по уредите со тачскрин, но новиот концепт сигурно ќе ги остави без коментар сите љубители на финските „играчки“.

Се претпоставува дека на телефонот ќе биде инсталиран оперативниот систем Symbian и дека ќе има поддршка за 3G и Wi-Fi. Од финската компанија досега немаат изнесено дополнителни информации за новиот модел, меѓутоа некои извори наведуваат дека на пазарот ќе се појави на почетокот на 2008 година.

www.taratur.com

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: