Кирил Димески – |< ! R #


Презентација/предавање во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Кампањта „GNU/Linux, мојот пријател“ доживува експанзија.
Досега направени се презентации/предавања во две училишта едно основно и едно средно училиште.

Денес групата гостуваше во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ каде одржа предавање на темите :

  • Што е GNU/Linux ?
  • Како настанал GNU/Linux ?
  • Кој го користи GNU/Linux денес ?

Слушателите беа расположени за да научат нешто ново и со големо задоволство ме следеа дури презентирам.
Некои беа запознати со поимот Linux,  некои не. Некои знаат што е ОС, некои не.
Професорот даде предлог половина од компјутерите да се вклучат на GNU/Linux,а другата половина на Windows XP Pro (пиратска) и да се воочат разликите.
Така да половина од слушателите работеа на Mandrivа, а другите на Windows XP.

Супер беше досега и се надевам дека така ќе продолжиме.
Ако не испадне нешто предвреме се гледаме на 19.11.2007 во СОУ „Р.Ристески Ричко“

Фотки…

Да не настани забуна, првиот и четвртиот ред со компјутери беа на Windows, вториот и третиот на GNU/Linux

6 Responses to 'Презентација/предавање во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Презентација/предавање во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“'.

  1. gemidjy said,

    Еј, знаеш што? Ме радува што имате вакви активности. Само напред🙂

    А.

  2. Кирил Димески said,

    Досегашнава активност изгледа ќе биде најголема во постоењето на ЛугоП досега.

    Треба да се среди нешто и околу просторијата и ќе бидеме екстра.
    Да се досреди (биро и уште еден компјутер)


  3. Кирил,

    По презентациите што ги правите по училиштава.. Делите ли некакви флаери? Ги запознавате ли учениците/студентите со можноста да се приклучат во вашата група за да научат и за да придонесат нешто?
    Второто прашање ми е: Со колку луѓе моментално располага Лугоп – зборам за поупатени членови и во кои други активности се активни? Колку од нив се членови на ossm-members? Има ли заинтересирани да придонесат во некои од активностите на кои што работи македонската заедница.. итн итн?

    Ме интересира како стојат работите во Прилеп.
    Фала.🙂

  4. Кирил Димески said,

    Делиме флаери за слободен софтвер. Имавме некоја залиха на флаери од претходните предавања и нив ги делиме.
    ЛугоП располага со 20 члена од кои само 6 се поискусни корисници на GNU/Linux, неколкумина кои сеуште мигрираат кон Linux, останатите се задолжени за развој на слободен софтвер.
    Е сега имаме мал расчекор со членството бидејќи повеќето се или вработени или учат/студираат и не ни останува многу време да се собереме некаде на асолен муабет за активностите.
    Четворицата членови кои се најактивни во сите сфери на развој на групата (спонзорства, предавања) се отсутни од градов на подолго време и со нив неможеме многу-многу да контактираме за ЛугоП бидејќи се зафатени со други обврски.
    Повеќете од членовите се скарани со Интернет поради причините наведени погоре.
    Треба да се апелира до ситре членови да се зачленат на ossm-memebers.
    Секако, сите се заинтересирани да помогнат во активностите на кои работи заедницата.
    Тоа е накратко сега за сега.

  5. gemidjy said,

    Ок и јас уште нешто да искоментирам…

    Значи тој „некој“ кој треба да апелира си ти, ти си координатор🙂 Ако те послушаат фино, ако не, јеби га, тоа е тоа.

    Јас мислам дека сте супер, само многу официјално си ја сфаќате работата, некогаш ми личиш како да водиш фирма, а не LUG..мислам дека треба по опуштено🙂 Има простор за официјалности ваљда потаму🙂

    поздрав

  6. Кирил Димески said,

    OK, во право си за тоа.
    Јеби га, економист🙂 за се мора де се води сметка и да се настапува така директорски.

    Не шалата настана, мора малку да се држат работите под контрола бидејќи има и мои врсници а има и многу повозрасни луѓе и со сите нив мора де се има компромис во однесувањето.
    А плус тоа треба некако да им влезе стравот во коските дека ова е еден вид организација (неформална) но сепак постои и дека треба сериозно да си ја сватат работата.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: