Кирил Димески – |< ! R #


Турбоманија

Posted in Колумни,Општа од Кирил Димески на 23 Ноември, 2007

Значи што стана со младинава, едноставно загрижувачки е.

Не сум некој што ептен напаѓа нечиј стил, живот, права и останато ама ова почнува да ме нервира.

Зар има некој што едноставно ќе го слуша внимателно турбофолк ритамот и зборовите на пејачот/пејачката ?
– Има како не, само тие се толку многу навлезени во тоа што едноставно не забележуваат какви последици му носи тоа. Еве неколку :

  1. Секоја вечер се расправам со пијани будали, кои едноставно се „очукале“ од ритамот кој ги понел. Еден пријател ми вели :
    „Па тоа е нешто најубаво, биди во тренд слушај го она што сите го слушаат“
    „Кој тренд, бе? Алооо, дете сврти се околу тебе, види што прави турбофолкот, ја упропасти младината! “
  2. На кого женската му се скарала и неможе да се освести и зема пие узо и се клати на ритам „А она је татина маза..“ ма ајде бе до кога?
  3. Аха, а ова – лупа басот, а во позадина оди народњак ?!?

Е сега да си дадам објаснување на ова што го напишав.


1. Влегуваш во некое кафуле и си земаш пијачка, коњак да речеме.
Слушаш транс, техно и одеднаш ритамот се сменува со некоја хип хоп трака, па потоа диск-џокејот пушта една трака од Бјело Дугме пр. Ружица си била, сада више ниси и на крај пука Жељко Самарџич или пак Гога Секулич. А да обавезно пред затворање една песна од Тоше и една македонски рап.
Потоа фино ритамот те понесува, па балканец си или што си и земаш уште една пијачка, па уште една, па трета, па четврта и толку крепи некој ќе се опијани и после ќе ми игра чочеци по маси. А другиот ден ќе речат „леле каква журка беше вчера, двајца се очукаа здраво и после се зезавме сите со нив, ни играа чочек на маса“
А тебе ти е гајле, од утре си нов човек – примерен. Па од кај да знаеш може да те снимил некој со мобилката и те ставил на Youtube.

2. Леле брат ми се налути девојаката, оти завчера од училиште кога си идевме ја испратив другарката до дома, сега не сака да ме види. Морам вечерва да се отрескам, ако ми веруваш – морам. Не сакам да филозофирам ама така испадна, според една книга 10 грешки кои ги прават паметните луѓе МОРА е една од тие грешки.🙂

3. Неможам да ги сватам тие неуспешни диск-џокеи кои сакаат да направат некој свој ритам па затоа миксаат една техно или хип-хоп трака и народњак. Но не се виновни овие наши кутри напатени диџеи кај нас. Тие само пуштаат музика напоредно, една па друга. Кој е крив што нив му е средана работата.

– Е сега ќе речете, тогаш што се дружиш со такво друштво ? или
– Па ти каква музика слушаш, момче ?

Еве одговор на двете прашања.
1. Се дружам што да се прави, никој не е совршен, секој има мана. Барем ми е одбрано подобро друштвото.

2. Па слушам, претежно рок музика, некогаш хип-хоп, народна музика (патриот) и понекогаш класичар сум – кога учам по математика.

Е сега поуката на постов, до кога ќе шетате со телефоните во рака и на Вашите МР3 плеери вградени во телефонот ќе пуштате некое „срање“ пр. Притисни дугме, 7 спрат – ништа лично!!! Да ми покажеш колко си јак… Еј веќе ми остана во ум песнава, доста е.
Па ќе почнеме и српски да зборуваме, бе. Кај да е може и срби да станеме, како што не не признаваат повеќемина и пропагандите се силни не е ништо чудно.

А патем и нарушувате слобода. Па зар малку има документација на Вики за тоа дека MP3-ките се штетни.
Нарочно не линкам до MP3 статиите бидејќи убаво е да се прошетаат луѓето по вики.

11 Responses to 'Турбоманија'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Турбоманија'.


  1. Кирил,

    Еве еден предлог. Можеш да си направиш два фида со помош на yahoo tubes или на некој друг начин и постовите поврзани со слободен софтвер, технологии, GNU/Linux итн да ги испраќаш на планета во еден фид а постовите за турбофолк да си стојат во друга категорија.

    Поздрав.😉

  2. gemidjy said,

    Кај ми е бе коментарот?

  3. Кирил Димески said,

    Те га ту е.
    Над мојот🙂

  4. gemidjy said,

    Другиот шо го пратив преѓе?

  5. Act1v8 said,

    Hey Кирил,

    Незнам кој сакаш да го наречеш народњак таму горе, ама си влезен во заблуда. Народна музика нема врска со тоа срањето што се пушта секоја сабота по дискотеките пширум нашата Српско-Грчко-Бугарска република.

    А инаку, да не беа тие „Планета“ и „Пинк“ и сл. телевизии ова немаше да се случи. Јас уште немам не-CreativeCommons песна на телефонот и баш сум среќен поради тоа. Дури и на некои другари/другарки почнаа да им се допаѓаат некои песни.

    Искрено, не сум против ептен3-ки. Зашто? Hell, цел свет ги користи, ај натерај го нешто друго да користи. Кога iTunes и WMP ќе почнат по дифолт да поддржуваат Ogg Vorbis да видиш револуција… Ама, можеме само да си сонуваме…

    Чаос….

  6. gemidjy said,

    Кирил, не само што си музички фашист туку си и блог фашист и не заслужуваш да те читаме на планета.

    Бришење коментари е забрана на основното право: слобода на говор и изразување. Ако не сакаш да споделуваш мислење со другите, која е причината што излезе на планета?

  7. Кирил Димески said,

    абе немам коментар твој во dashboard.
    Нема стигнато твој коментар.

  8. Нејм said,

    Ајде бе бришете го детиштето неразбрано…

  9. Кирил Димески said,

    @ Act1v8
    Не ја споредувам народната музика со тоа срање, што се нарекува музика.
    Велам дека се меша некој бас ритам со народна музика и така да се добива некој shit ритам

    @ Нејм
    Ајде кажи ми една причина зошто да бидам бришен од планета

    @ gemidjy
    Да, голем противник сум на турбофолкот. А твојот пост никаде го нема,
    Можеби си направил рефреш или ти се прекинала врската па да не можиш да ги пратиш коментарот.
    Би те замолил да го напишеш пак.


  10. Апореа, Соник, Сидро… само дел од кафичите каде се пушта поквалитетна музика. Поминувај повеќе време таму. Инаку овај проблем не е само кај нас. Во другите градови е и многу поголем. Патем, добар избор на нов темплејт

  11. karakas said,

    Decko be so napraj so cd-to za backtrack 2 so trebase da mi go snimis?
    Ili zaboraj
    Pozdrav
    msn–ajduk
    skype–djoko_karakas


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: