Кирил Димески – |< ! R #


Кампањата „GNU/Linux, мојот пријател“ успешно завршена

Кампањата насовена како „GNU/Linux, мојот пријател“ која се спроведуваше низ училиштата во Прилеп од 7.11.2007 до денес 30.12.2007 успешно е завршена.

Успехот се должи на 3 презентации кои ги спроведивме во 3 училишта за тоашто е слободен софтвер, како се користи, кој го користи, како може да набават слободен софтвер, како да инсталираат GNU/Linux…?

За време на траењето на кампањата можеме да заклучиме дека училиштата не се доволно заинтересирани за соработка со групата поради една причина цитирам „Абе дете овде користиме Виндоус, така ни е речено одозгора, така да морам да ти речам да си одиш“. Како кооринатор на групата, продав активноста да ја зајакнам и да овозможам презентациите да продолжат во училиштата во кои не одбија, преку писма пратени специјално со информации за овој оперативен систем до директорите и младинските организации на училиштата. Но неусшено, старите велат  „Човек се учи, не магаре“ се извинувам но мораше да се изразам вака поради револт.

Но сега тоа не е битно, од предвидените 5 средни училишта во кои требаше да се направи ваков вид на предавање, се реализираа 2 предавања во 2 средни училишта, но за изненадување и поздрав е иницијативата покрената од основното училиште „Климент Охридски“ од каде не повикаа да одржиме презентација на информатичката секција при училиштето. Досега кажано можам да заклучам, а верувам и другите ќе се согласат дека презентацијата во Климент Охридски беше најдобра од сите 3 презентации. Од другите училишта сум особено непријатно изненаден поради тоа што не ни овозможија да се одржат предавањата, некои не обезбедија ученици, некои не знаеа што е тоа проектор (хаха.. ма немој), некои немаа простор…

Како и да е, кампањата може да заврши со пофални зборови за предавачите (Кире, Гоце и Дамјан) кои покрај сите препреки останаа на своето дека презентациите мора да се реализираат, особено за поздрав е интеракцијата на учениците од ОУ „Климент Охридски“ и проф. Гордана Јованоска (наставник по информатика во ова училиште),

Фотографии може да видите овде.

Од посетата на училиштата заклучивме дека :

  • училиштата се слабо заинтересирани за соработка
  • учениците се недоволно запознаени со информатичката технологија така да треба под итно да се :
  • издаде книга за слободен софтвер, GNU/Linux и сл.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: