Кирил Димески – |< ! R #


OLPC во Прилеп

После лудите ноќи поминати за дочек на Нова година, ЛугоП со презентација за лаптопот за 100 долари (популарно наречен).

Овој лаптоп е ефтин и адаптиран за детските потреби и  работи на база на слободен софтвер со оперативен систем Fedora на околина Sugar.

Благодарение на уфо и гемиџи лаптопот е во канцеларијата на ЛугоП каде што се спремаат утрешните презентации.

Презентацијата ќе трае отприлика 1 час и на неа ќе биде презентирана идејата која стои за ова мало чудо. Секој ќе има можност да го проба лаптопот. Презентацијата ќе биде во салата за состаноци на општина Прилеп а можно е да имаме и streaming на настанот. Сепак добро е да се дојде и да се посети овој настан со цел секој да ги увиде можностите на овој лаптоп. После неколку часовна работа на него и јас сватив дека сакам да бидам 1-во одделенец и дека сакам и јас да имам еден ваков🙂 .

Планирано е на презентацијата да има видео материјал за овој зелен лаптоп една презентација на неговите можности и презентација за мисијата и целта на проектот.

Постерот е актуелен низ прилепските улици и се надеваме на посетеност од страна на граѓаните.

Би требало лаптопот да биде и достапен и во центарот на градот каде што секој ќе има можност да го проба како функционира.

Епа тоа е, повелете дојдете ве очекуваме сите!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: