Кирил Димески – |< ! R #


OLPC презентација (извештај)

Бев преокупиран деновиве и неможев да пишувам, еве ме сега да  известам како поминавме на презентација на зелениот лаптоп.

Бидејќи времето беше прекратко за тоа како и колку требаше настанот да биде организиран, побаравме помош од општината (поточно од Емил и Александар). Луѓето без никаков проблем ни овозможија да направиме презентација на лаптопот. Во средата имаше една куса презентација за вработените во локалната самоуправа  а додека во четвртокот имавме две презентации една во салата за состаноци на локална самоуправа, а другата во БоНет. Поради неправилно полнење на батериите на фото-апаратот имавме можност да фатиме само неколку фотки. Презентациите беа одлични, се поставуваа многу прашања и на секое прашање имаше одговор (освен на тоа дека доколку преку меш мрежата од едно на друго дете се пренесува сигнал тогаш не би требало да има ИСП, доволно би било само еден да има ???)

Како и да е, секој е фасциниран од работата со овој зелен лаптоп. На видни места во градот  имаше поставено постери како информација за презентацијата во четвртокот.

Во центарот на градот во БоНет имаше одлична презентација секој кој дојде имаше можност да го види и проба лаптопот.

Следна активност на групата е обуката за користење на Ubuntu Linux на неколку локални НВОи.

One Response to 'OLPC презентација (извештај)'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'OLPC презентација (извештај)'.


  1. Честитки за успешната презентација.

    За прашањето, „дали може да се користи интернет преку само еден лаптоп“. Теоретски ДА, во пракса сеуште не сме го пробале, но дефинитивно тоа е фичр на OLPC-то.


Напишете коментар