Бурно….
Здраво,
одамна ме немаше да пишам ништо (на некој/а можеби му/и недостигав, или сепак не ?)
Ептен сум зафатен ова лето тоа е приоритет на постов 🙂
Сега малку постов ќе го направам мешан со се и сешто од технологија до политика и секојдневен живот, но тоа е…
Инаку да се пофалам :
- почнав да одам на курс за С++ програмирање
- имам надеж дека ќе го завршам тој прирачникот за Python (не за друго не ми останало време)
- ја крчкам новата верзија на упатството за работење со фискални каси од брендот Synergy
- конечно си најдов дистрибуција за мене
- почна да се работи на веб сајтот на ЛугоП и се очекуваат нови активности со почетокот на месецот
Да се пожалам :
- Денес слушам на едно локално радио некои вести и во следниве линии го пренесувам говорот на г-динот Мансиевски ЦИТАТ „…значи во оваа и минатата година имавме намален број на случаи-со што тоа се утврдува дека народот станува послушен и дека сите судови треба да се реновираат…“ Е сега :
- Што има врска реновирањето и послушноста ?
- Ако граѓаните биле послушни и се намалил бројот на случаи во судовите, тогаш нема работа за судиите, адвокатите, правниците и целата генерација на правници од моето школо 😦
- Во последно време не ми останува слободно време за ништо дури ни за спиење напорно одело учењево 🙂
- Учам С++ на Microsoft Windows > Microsoft Visual Studio 2005
Има уште многу ама инаф засега
на 27 Јуни, 2008 на 11:42 am
> Учам С++ на Microsoft Windows > Microsoft > Visual Studio 2005
Лејм. Имаш сто IDE-a под GNU/Linux.
на 27 Јуни, 2008 на 3:25 pm
Зашто не користиш
Qt Develop под KDE
Anjuta под GNOME
Eclipse c++ под се 🙂
на 1 Јули, 2008 на 1:06 am
Да ама домашната задача треба да ја предадам во Visal C++ проект фајл
на 1 Јули, 2008 на 1:07 am
Visual*