Кирил Димески – |< ! R #


Појде латиницата…

Posted in Општа,моја,солење памет,технологија од Кирил Димески на 22 Јули, 2008

Оф леле….

Во ред е кампањата за употреба на кирилица, но ова е претерано.

Ми иде да почнам да викам, да пцујам, да навредувам ама ќе се воздрам. И да не заборавам „ИЗВИНИ ВЛАДО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МОЈА МИЛА НЕМА ДА УПОТРЕБУВАМ ЛАТИНИЦА во мојот пост, САМО ако тоа го заборавам или пак НАРОЧНО сум го напишал заради некакви споредби“.

Зошто го пееам ова ?

Денес за чудо седнав пред ТВ да гледам локални вести на новата ни наша телевизија. Веднаш слушам настан на денот „новороденче во собраниската сала – Собранието донесе одлука да не се користи латиницата во било какви маркетинг кампањи, истакнување на логоа на фирми и сл. освен ако тие претходно не се регистрирани како трговски марки“ бидејќи ќе се наплаќа глоба од 2500 евра“

И си велам зар е можно и тоа.

Е сеа пази овде….

Да не одиме настана, во моментов се планира голема промоција на ЛугоП, односно работење во споствена канцеларија, се привршува веб сајтот, се прави софтвер кој ќе биде прикачен на веб сајтот и сл.

Што ми е зборот ? Утре ако сакаме да истакнеме една табла барем дека тука се најдува канцеларијата на ЛугоП (LugoP) и дека тоа е група на корисници на GNU/Linux корисници и дека името потекнува од анг.зборови GNU/Linux user group of Prilep.

Е сеа тоа нема да биде можно бидејќи името не ми е заштитено во институцијата за регистрирање на трговски марки, патенти и сл.

Што значи ако сакаме да избегнеме и да не плаќаме 2500 евра глоба за оваа работа треба на таблата да стои

ЛугоП – ГНУ/Линуџ усер гроуп оф Прилеп

или е топ или е усер нештово.

Па како ќе привлекуваме странски инвестиции ? Туку замислете Вие „господа“ во Владата дека утре може да стигне некој странец во Прилеп и нема да знае дека Pece bakery е фурната на Пеце и нема да може да си купи нешто да јаде….

Абе ова не ми е ич сватливо или ја не капирам ?

2 Responses to 'Појде латиницата…'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Појде латиницата…'.

  1. Зоки said,

    А зошто воопшто сте ја крстиле организацијата LugoP како ви е официјално регистрирана? И претходно со Закон ти не можеш да регистрираш фирма/организација на латиница. Јас сум за овој закон и се надевам дека еден ден љуќето ќе сватат дека ова не е Америка. Види бе во шпанските, руските, француските, германските фирми. Се си имаат на свој јазик. Што сме ние? Деца на америка па се да е на латицата и на англиски јазик. Плус законот ќе предвидува да мора да го имаш на на Македонски а под него можеш и на англиски да си го пишуваш и да дообјаснуваш. И не се секирај нема да те казнат ако напишеш ЛугоП (LugoP – Linux User Group of Prilep).
    А кога анлискиот ќе е официјален јазик во Македонија тогаш ќе можеш да протестираш дали овој закон е ок или не е. Јас овој закон ми е во глава уште од пред 4 години оти ми е преку кур од сите тие анлиски префикси и суфикси на сите страни пошто сме ногу напредна нација ние нели? Знаеме шо да напишеме фраери сме ние образовани а и нели подобро изгледа на англиски оти го има на амерички филмови. Малоумни сме бе другарче. Глупави и се друго. Време е да се свестиме шо си правеме. Самите се потопуваме.

    Поздрав.

  2. Едикојси said,

    Не ми се средени докрај ставовите за овие мерки… Но на ум ми паѓа примерот на Франција, која има закон за употреба на францускиот јазик и успеа да среди некои работи и во ИТ сферата.
    Иако на почетокот многу француски ИТ експерти се ругаа, сега тој закон (мислам најголем „виновник“ за него беше Ширак), е доста прифатен во ИТ заедницата на таа земја. Помина време, француските преводи на термините кои Вие би сакале да ги користите, им се допаѓаат…
    Слично би можело да биде и кај нас. Посебно затоа што зборот „гну“ веќе функционира во јазикот. А останатите работи од посакуваното име може да се преведат без да изгубите многу.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: