Кирил Димески – |< ! R #


Лобирање

Се извинувам што каснам со постот, но мораше прво да помине во службата за лобирање. Но бидејќи имаше многу граѓани како мене кои чекаа ред, јас одлучив да пишам предвреме па макар и ме тепал чичко Груевски.

Добро бре луѓе…свесни сте таму во парламентот што се случува или не ?

Ми пукна филмот и неможам повеќе да издржам.

Уште еднаш се извинувам што мојот блог го користам како средство кое ќе има за цел да го презентира моето јавно мислење за политиката во државата, а не за она што е наменет.

Што треба да знаете ?

  • Доколку сакате да искажете некакво јавно мислење, да пишувате статија на вашиот блог, да искажете некаков револт или пак да направите маркетинг кампања за новиот производ од вашата компанија тогаш треба да ангажирате професионално лице кое ќе лобира за вас и вашето мислење.

Тоа значи дека овие постови кои ги пишувам треба да одат на ревизија кај некоја „стручна институција“ да се проверат и да се објават. Го поддржувам тоа дека сите неможат да прават нешто и што сакаат да кажуваат јавно, но тоа вака не се решава.

  • Неможе да се донесе закон денес а да важи од вчера. Тоа е пример за законот за данок на вкупен приход од 1,5%. Тој данок е донесен на 31.12.2007 а се пименува и од 01,01,2006🙂 ВАУУУ

Јас сум голем противник на истиот данок бидејќи стопанствениците ги носи гжво положба д аги затворат своите фирми. Зборувам претежно за прилепскиот регион.
Од што се состои законот ?

Вие имате фирма која продава пуканки да речеме… Редовно си плаќате даноци, придонеси од плати, осигурувања на вработени и сл. Во годината имате вкупен приход од 100,000 денари, а расход од 90,000 денари – со што вашата финансиска добивка за таа година изнесува 10.000 денари, на кои 10.000 се пресметува 15, пардон 12, упс де 10 % данок од добивка. Со што треба да платите данок од добивка на крајот од годината во вредност од 1000 денари. Е сега имаме новина, сега ќе си платите 1,5% данок на целата сума на приходот односно сума од 1500 ден со што поскапо е за 500 денари. Можеби наеднаш тие 500 денари не значат многу но со тек на време и на фирми кои имаат поголем приход, а помали расходи тоа значи многу. Овој закон не се однесува на тие што се со поголем приход од 3,000,000 денари годишно, со што значи малите фирми (трафики, маалски продавници…)

  • Моментално земјоделците и фармерите плаќаат персонален данок на откупот на млеко, тутун, пченица… Наместо откупувачот да плати тие сами си плаќаат. Односно тоа значи дека од 2005 година им се запира персонален данок што е неправилно.
  • Мојот дедо зема пензија од 5000 денари. Неговата пензија се покаќи за некои 200-250 денари. Но сите апчиња кои ги пие не се на позитивна листа така што половина од пензијата помина за тоа. Тоа не беше случај и порано.
  • Фондот за здравствено осигурување има побарување од фирмата на моите за 120,685 денари за придонес за здравтвесно осигурување за 2 месеци. А фирмата е чиста спрема законот и институциите. И не е само таа фирма, постојат уште многу други такви. А кога се оди на состанок да се види како стојат работите со побарувањата, на прашање од сопствениците на фирмите „од каде сега ова чудо, ние што да правиме ?“ директорката на одделнеието за здравствено осигурување се одговара „абе мене многу ми е гајле, ваш проблем – кај сакате одете и што сакате правете“. Новиот систем за пресметување на придонесот за здравствено осигурување е неефикасен.

Вака само тапкаме во место, ЕУ и слични „семејства“ отидоа по вода…..

Супер тоа што се трудите да направите нешто во држава, но гледајте што правите околу себе. Од една страна земате од друга страна малку намалувате со што значи дека го фолирате народот за вашите прекрасни планови и вашата преродба во 100 чекори.

И сега ќе речите дека сум социјалист и дека јас сум детиште кое ништо не разбира. Да во право сте дека детево од 17 години се плетка каде што не го викаат, но детето се труди да прикаже некои работи кои не чинат во државата. И да симпатизер сум на социјализмот и ми е криво што не сум го начекал времето на Тито.

Срдечно ве поздравувам народе македонски, да се надеваме дека ќе влеземе во ЕУ со вакви закони…. СО ТИТО НАПРЕД🙂

2 Responses to 'Лобирање'

Subscribe to comments with RSS or TrackBack to 'Лобирање'.

  1. Trajce said,

    wtf you are talking about?

  2. Act1v8 said,

    И мене не ми е јасно.

    Каква комисија какви бакрачи. Free speech!!! It’s in the constitution. Sue the Government!!!


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


%d bloggers like this: